Нашиот млад и талентиран фудбалски напаѓач, Бојан Миовски, го напушти составот на Ренова и потпиша договор со унгарскиот елитен тим МТК.
Фудбалерот кој покрај за екипата од Џепчиште настапуваше и за Брегалница Штип, Работнички, Карабах и Македонија Ѓорче Петров, иако имаше понуди од неколку екипи, на крајот се определи да ја продолжи кариерата во екипата од Будимпешта или еден од најстарите клубови во Европа.
Миовски кој игра на позицијата класичен центарфор има настапено и за македонската репрезентација У19.