Фудбалерот на Барселона, Миралем Пјаниќ, сепак може да го напушти тимот, иако преодниот рок беше затворен доцна синоќа.
Агентот на босанскиот репрезентативец во наредните денови чека понуди за неговиот клиент од клубовите во Турција и Русија, каде што се уште не е затворен трансфер пазарот. Ова е единствената можност за Пјаниќ да игра оваа сезона, бидејќи е надвор од плановите на тренерот на Барселона, Роналд Куман.
Самиот Пјаниќ сакаше да се врати во Јувентус, бидејќи беше убеден дека сепак може да игра на највисоко ниво, но двата клуба не постигнаа договор по мечот меѓу нив на турнирот „Жоан Гампер“. Доколку Миралем Пјаниќ на крајот остане во Барселона, ќе мора да почека да се отвори зимскиот транесфер прозорец во јануари за повторно да бара нов клуб.