Чудно или не, играчот за врска на Барселона, Миралем Пјаниќ е на врвот на листата со најмногу додавања во Лигата на шампионите, според официјалната статистика на УЕФА. Босанскиот фудбалер од средниот ред имал најмногу додавања од сите играчи во групната фаза од Лигата на шампионите – 463. Од нив, 427 беа успешни, со ефикасност од 92 проценти.
Досега никој друг не достигнал бројка од 400 точни додавања. На второто место е левиот бек на Борусија (Дортмунд) Рафаел Гереро со 399 прецизни додавања со успех од 91%. Трет е Давид Алаба од Баерн (Минхен) со 367 прецизни од 415 обиди. Меѓу петте најдобри се Диего Карлос од Севиља (371 поен) и Тони Крос од Реал Мадрид (365) со успешна стапка од 92 проценти.
Вчера во интервју за „Газета дело Спорт“, Пјаниќ изрази незадоволство што не е стартер за Барселона. Роналд Куман почесто се потпира на него во Лигата на шампионите отколку во Ла Лига.

