Италијанскиот гигант, Интер, со одлична серија од седум победи во сите конкуренции, денеска во вечерниот термин ќе се појави на теренот на Барселона во натпревар од 3 коло во Лигата на фудбалските шампиони.
Пред мечот на „Камп Ноу“, искусниот играч во калчо-лигашот, Жоао Миранда, вели дека отсуството на Меси во таборот на Шпанците, нема да значи апсолутно ништо бидејќи противникот располага со многу фудбалери кои можат да го одлучат победникот со само еден потег.
„Знаеме дека Барселона не е само Меси, тие имаат прекрасни играчи кои можат да направат разлика. Во исто време, ние имаме квалитет да го запреме Луис Суарез кој е експлозивен играч во нападот. Играњето против големи тимови секогаш ме прави среќен. Се надевам дека ќе оставиме добар впечаток бидејќи дојодвме да победиме“ – изјави фудбалерот на Интер.