Бразилскиот дефанзивец во редовите на Интер Жоао Миранда ќе потпише нов договор со клубот. Искусниот одбрандбен играч ќе го продолжи својот престој на „Џузепе Меаца“ уште две години, велат италијанските медиуми.
33-годишниот Миранда премина во составот на „нероазурите” во летото 2015 од тимот на Атлетико Мадрид и набрзина стана основен столб во одбраната на гигантот од Милано. Во последната сезона дефанзивецот одигра 31 натпревар во Серија „А”, а на Мундијалот во Русија го предводеше Бразил на неколку натпревари со капитенската лента.
Иако има 33 години, Миранда ќе добие нов договор од раководството на 18 кратниот шампион на Италија, а годишната плата ќе му изнесува 3 милиони евра.