Италијанските медиуми објавија дека фудбалерот на Јувентус, Фабио Мирети, конечно ја надмина повредата и влезе во процес на тренинзи.
Тој беше надвор од стадионите речиси шест месеци откако имаше проблеми со рамото а потоа се соочи и со повреда на мускулот. 22-годишникот се очекува да биде достапен за мечот кај Комо во рамките на Серија А.
Мирети претходната сезона ја помина како позајмен во редовите на Џенова.

