Македонскиот фудбалски интернационалец и репрезентативец Мирко Ивановски од оваа сезона е член на еден од најпопуларните тимови во Хрватска, но и на Балканот.
Тој е член на Хајдук од Сплит и веќе добива шанса за докажувањ ево оваа екипа. Екипата на Спортското радио 90,3 го посети Мирко Ивановски во Сплит и разговаравме на повеќе фудбалски теми.
„Најнапред ви благодарам што дојдовте и ме посетивте овде во Сплит, инаку навистина ми е многу мило што сум дел од Хајдук кој е еден од најпопуларните клубови на Балканот. А колку е Хајдук голем клуб тоа чуство не може да се опише со зборови. На секој играч му посакувам да дојде овде во Сплит и да почуствува како луѓето живеат за Хајдук, едноставно не постои човек во Сплит или Далмација кој не живее за Хајдук“ изјави Ивановски.
„Јас се луствувам како дома, веќе неколку години сум во Хрватска, луѓето ме знаат, тренерите и соиграчите исто така и сега сакам она што го направив во дресот на Славен Белупо да го надградам во Хајдук“ додаде Мирко Ивановски.
Нашиот интернационалец настапува во земјата која го освои сребрениот медал на СП во Русија, а како самата еуфорија во Хрватска делуваше на Ивановски ни опиша низ разговорот.
„Тешко е да се опише атмосферата која беше овде во Хрватска додека се следеше СП каде репрезентацијата го постигна најголемиот успех. Јас бев на подготовки со екипата во Словенија, но не пропуштавме натпревар, едноставно сите навивавме и се радувавме на тој голем успех. Луѓето беа на улица и се радуваа, треба се тоа да се доживее“ рече Ивановски.
Хајдук го чека натпревар од Лига Европа против Стеауа од Романија, а Мирко ивановски доста добро ја познава оваа екипа.
„Не очекува многу тежок и важен натпревар во Лига Европа, во Сплит ни доаѓа Стеауа, екипа со голем квалитет и реноме, но ние сме Хајдук и се подготвуваме за да одиграме најдобро и да победиме. Ја познавам екипата на Стеауа,затоа што настапував неколку години во Романија, сепак се надевам дека ние ќе одиграме добро и дека ќе извлечеме позитивен резултат. На првата средба во Сплит против Славија немавме добри услови поради лошиот терен, па затоа во Софија одигравме подобро. Сега се надевам дека ќе имаме подобар терен и дека ќе одиграме многу поквалитетно на домашен терен што е многу важно“ заврши Мирко Ивановски.