Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба продолжува да се рехабилитира од повредата.
Според весникот „Мирор“, францускиот фудбалер многу веројатно ќе може да учествува во натпреварот од 9-то коло од англиската Премиер лига против Ливерпул, што ќе се одигра на 20 октомври. Да потсетиме дека Погба ја влоши повредата на зглобот на натпреварот со лондонски Арсенал (1:1), по што испушти два натпревари за својата екипа.
Манчестер Јунајтед освои 9 поени на 8 натпревари и го зазема 12. место на табелата во англиската Премиер лига. Лидер на табелата во моментов е Ливерпул, кој освои 24 поени на 8 натпревари. Погба е во Манчестер Јунајтед од 2016 година.
Оваа сезона, францускиот играч од средниот ред учествуваше на 5 натпревари од англиската Премиер лига и имаше 2 асистенции.