Капитенот на Македонија ЃП, Филип Мишевски е оптимистички расположен пред утрешниот прв натпревар во 1. квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига против РФС Рига од Летонија.
„Со нетрпение го очекуваме натпреварот. Јасно ни е дека мора да одиграме максимално и 90 минути да бидеме агресивни ако сакаме успех. Мора да бидеме организирани и да дадеме се од себе на целиот меч, иако е јасно дека има и втор натпревар. Знаеме дека РФС нема пораз сезонава, па можеби е време ете во Скопје да го доживеат првиот“, истакна Мишевски на денешната прес-конференција.
Натпреварот меѓу Македонија ЃП и РФС Рига од првото квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига се игра утре од 17:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

