Македонскиот репрезентативец и ракометар на Алкалоид, Марко Митев, ја заврши сезоната поради тешка повреда добиена на саботниот квалификациски меч против Словенија одигран во Копер.
22-годишниот среден бек кој со блескавите партии на последното СП во Хрватска го привлече вниманието на европските великани пред се од Германија, има потешка повреда на предните вкрстени лигаменти од коленото.
Митев нема да може да му помогне на Алкалоид во завршницата на сезоната во домашни и во меѓународни рамки а ќе ги пропушти и решавачките мечеви на нашата репрезентација против Естонија и Ливанија за место на Европското првенство во 2026 година.

