Голманот на Еурофарм Пелистер, Никола Митревски, не крие дека е презадоволен по вчерашната победа против Динамо Букурешт во Лигата на шампионите. Токму неговата последна одбрана им донесе големи бодови на битолчани.
„Им честитам на моите соиграчи и на публиката за фантастичната атмосфера. Динамо е државен проект со дваесетина врвни ракометари. Знаеме дека вложуваат но, ние успеавме да ги победиме“ – вели Митревски.
Битолчани наредниот натпревар ќе го одиграат со Фуксе Берлина а во псоелдното коло ќе го пречекаат ПСЖ.

