Луѓето од Челзи по доаѓањето на новиот менаџер, Маурисиo Покетино, полека работат на летната селекција.
Според медиумите, нивна трансферна цел ќе биде фудбалерот на Фулам, Александар Митровиќ, кој има договор до 2026 година. Репрезентативецот на Србија беше еден од најдобрите во штотуку завршената сезона и прашање е дали неговиот тим ќе сака да се раздели со него.
Во моментов не се споменува евентуалната сума што „сините“ би ја платиле за корпулентниот напаѓач.