Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, свесен дека има мали шанси да го купи дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, сега се насочува кон 19-годишниот фудбалер на Монако, Бенои Банџијаши.
Бидејќи младиот играч е стандарден во првата постава во екипата од Кнежевството и во континуитет прикажува блескави партии, не изнеандува што веднаш го привлече вниманието на фудбалските гиганти.
Банџијаши кој во последната сезона во Лига 1 имаше 16 настапи за Монако, претходно ги помина и сите возрасни категории во селекцијата на Франција. Неговата трансферна вредност се движи околу 15 милиони евра.