Младата фудбалска репрезентација за играчи до 21 година, по завршувањето на квалификацискиот циклус за ЕП 2023, денеска ќе одигра еден од двата договорени контролни меча со селекцијата на БиХ. Со овие дуели селекторот Канатларовски го најави почетокот на изградба на новата млада селекција која низ нови квалификации ќе се бори за ЕП 2025.
Првиот пријателски натпревар денеска против БиХ се игра од 17 часот на стадионот на Македонија ЃП во Ѓорче Петров.