Младата фудбалска репрезентацијата на Македонија до 21 година денеска во Кипар ќе одигра еден од двата најавени контролни натпревари против селекциите на Кипар и Србија.
Денеска (13:30 ч.) избраниците на селекторот Драги Канатларовски ќе се соочат со домашниот Кипар, а пет дена подоцна ќе одиграме контролна пресметка против Србија.
Според селекторот Канатларовски, тест-натпреварите против Кипар и Србија се добра можност да се добие увид во моменталната форма на повиканите репрезентативци.