Македонскиот фудбалски репрезентативец Марио Младеновски, откако не го мина тест-периодот во Динамо Киев, одлучи кариерата да ја продолжи во Данска.
Тој денес и официјално беше промовиран во нов играч на Фремад Амагер, второлигаш од Данска. Токму овој клуб треба да биде новиот предизвик за поранешниотдефанзивец на Вардар кој иако има 19-годинии поради проблемите во редовите на македонскиот шампион се реши да го напушти „црвено-црните“ и својата кариера да ја продолжи во странство.
Заедно со својот менаџер Горан Попов ги разгледуваа сите опции, сепак на крај ја прифитија понудата од данскиот второлигаш кој најавува амбиции за пласман во првата лига на Данска во новата сезона.