Нашата машка ракометна селекција на тековното Светско првенство до 19 години што се реализира во Скопје, денеска од 20.30 часот во СЦ Борис Трајковски ќе излезе на мегдан со првиот фаворит во групата, селекцијата на Данска.
Ние досега имаме ефект од две победи и еден пораз додека Данци остварија максимални три победи. Како стојат работите и двете земји можат да размислуваат за наредната фаза. Нашиот селектор, Данило Брестовац, за мечот со Данска го отпиша играчот на Еурофарм работник, Бобан Каковски и на неговото место го вметна Глигор Гајиќ од екипата на Металург 2.
Дуелот меѓу Македонија и Данска ќе се одигра доцна вечер од 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.