Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, планира да го ангажира 19-годишниот, Мауриц Кјаергард, кој настапува за екипата на РБ Салцбург.
Информациите велат дека англичаните се блиску до потписот на играчот од средниот ред кој за 15 милиони евра ќе се пресели на стадионот- „Олд Трафорд“.
Данецот за тимот од Австрија има одиграно 59 мечеви во сите конкуренции со ефект од 6 голови и 13 асистенции.