Европските фудбалски гиганти Арсенал и Баерн Минхен во текот на летото ќе се обидат да дојдат до потписот на младиот играч на шведскиот Хамарби, Емил Робек.
16-годишниот напаѓач е еден од најперспективните таленти на клубот од Стокхолм. Шефот на Хамарби, Јаспер Јансон потврди дека Англичаните и Баварците започнале да преговори за ангажирање на младиот фудбалер.
„Баерн нас не контактираше додека Робек се сретна со луѓето од Арсенал. За него се заинтерсирани и други клубови. Тој е напаѓач со добар физикус, брзина и вештина за псотигнување на голови“ – рече Јансон.