28-годишниот фудбалер на Реал Мадрид, Хамес Родригез, се осврна на критиките дека не се однесува професионално и дека може да го напушти тимот од Шпанија. Колумбиецот во последното интервју, нагласи, дека работи крајно ангажирано.
„Слушам многу лаги за мојот однос кон клубот и фудбалот. Јас сум професионалец и така се однесувам. Тренирам и се обидувам да напредувам“ – вели Родригез.
„Не ми е пријатно кога ги слушам критиките. Многу од кажаните работи за мене не се вистина. Тоа го знаат моите најблиски. Многу ме зачудува тоа што некој се соменева во мојот професионализам“ – вели напаѓачот на Реал Мадрид.