Фудбалерот на Грузија, Микаутадѕе, изненадувачки е најдобриот голгетер по групната фаза на Европското првенство во Германија.
Тој на три средби успеа да постигне три гола и да направи една асистенција што му донесе најдобар коефициент во рангирањето. Неговата селекција во деби настапот на континеталните собири направи вистински подвиг и влезе во фазата на елиминации.
23- годишниот фудбалер на францускиот Мец, успеа да погоди на средбите со Турција, Чешка и Португалија.