Младиот дефанзивец на Челзи, Џејмс Рис го подобри клупскиот рекорд за најмладиот стрелец на гол во Лигата на шампионите.
Младиот играч постигна гол на спектакуларниот натпревар кој заврши 4:4 против Ајакс на „Стемфорд Бриџ“, а неговиот гол донесе изедначување кое на крај се покажа и како конечен резултат. Џејмс Рис го стори тоа на 19 години и 332 дена. Претходниот најмлад стрелец на Челзи во Лигата на шампионите беше Ариен Робен, кој во 2004 година постигна гол на мечот против ЦСКА Москва на 20 години и 284 дена.
Младиот е тинејџер на Челзи, кој тренираше во академијата на Челзи од 2006 година. Минатата сезона играше како позајмен фудбалер во Виган, а само оваа сезона беше во првиот тим на лондончани. Тој има осум натпревари во кои има постигнато два гола.
Нерешениот резултатат во Лондон направи во групата Х три екипи – Ајакс, Челзи и Валенсија да имаат по седум бода, а тоа значи жестока битка за две места кои водат во елиминациската фаза од ЛШ.

