Играчот од средниот ред на Јувентус, Николо Фаџоли, повторно се извини за зависноста од спортско обложување откако во октомври беше суспендиран на седум месеци од фудбалот.
„Жал ми е за тоа што го направив. Сите ме поддржаа: клубот, тренерот и моите соиграчи. Клубот знае дека ги увидов моите грешки“ – вели фудбалерот на „старата дама“.
„Заработувам добри пари и многу се коцкам“ – додаде играчот од средниот ред на настанот на кој беше и д-р Лусијана Монте која се грижи за рехабилитација на Фаџоли.