Марко Асенсио во текот на летниот трансфер период дефинитивно ќе го напушти фудбалскиот состав на Реал Мадрид.
Тој има уште една година од договорот со „белите“, но, бидејќи не е задоволен од минутажата ќе побара да биде ставен на трансфер листата.Неговата вредност на пазарот се проценува меѓу 30 и 35 милиони евра.
За неговиот потпис се заинтересирани неколку екипи од Англија како и градскиот ривал, Атлетико Мадрид.