Младиот фудбалер на Спартак Москва, Џордан Ларсон, може да биде замена за Ерлинг Халанд во Борусија Дортмунд доколку Норвежанецот во текот на летото се определи да ги напушти „милионерите“.
Наводно, скаутите на германскиот тим ги следеле настапите на младиот Ларсон кој потекнува од академијата на Барселона и досега настапувал за шведските Хелсингборг и Норкопинг и НЕЦ во Холандија.
23-годишниот Швеѓанец кој му е син на прославениот напаѓач, Хенрик Ларсон, има трансферна вредност од околу девет милиони евра.

