Младиот репрезентативец на Македонија во селекцијата до 19 години, Јасин Муше е пред трансфер во грчки Ксанти. Муше годинава го носи дресот на Осогово, но на коло пред крајот на есенскиот дел од сезоната замина на проба во грчкиот клуб со кого се очекува да потпише договор во зимскиот трансфер период.
Младиот и талентиран напаѓач доколку се договори со грчкиот второлигаш ќе му стане соиграч на Бесарт Ибраими кој од почетокот на сезоната е член на Ксанти.

