Младиот талент на Манчестер Јунајтед Таит Чонг потпиша нов договор со клубот. 20-годишниот играч се договори со менаџментот на клубот да го потпише својот нов договор до 2022 година, кој има можност да го продолжи за уште една година. Тој, исто така, ќе добие солидно покачување на платата, заработувајќи 30.000 фунти неделно.
Претходниот договор на Холанѓанецот беше до летото и имаше значителни шпекулации дека тој ќе го напушти „Олд Трафорд“ како слободен агент. Италијанските гиганти Јувентус и Интер беа со голем интерес за него, а Интер беше посебно блиску до неговиот ангажман кој сега веќе пропаѓа.
Сопствениците на Манчестер Јунајтед, сепак, успеаја да го убедат играчот да остане на „Олд Трафорд“, каде може да го продолжи својот развој и да му помогне на тимот да се врати на старите патеки во Англија. Досега Чонг одигра 14 натпревари за „црвените ѓаволи“ и се очекува да добие повеќе шанси во наредните сезони.
„Среќен сум што потпишав нов договор. Благодарен сум за можноста да се докажам овде во наредните години. Кога потпишав со Манчестер Јунајтед како тинејџер, за мене беше сон. За мене е вистинска чест секој пат кога ќе добијам шанса да го облечам тимски дрес и да излезам на теренот. Работам напорно секој ден да се подобрам како фудбалер и верувам дека овде е вистинското место за тоа. Фантастично е што можам да научам од менаџерот, неговите асистенти и од сите sвезди во тимот“, изјави Чонг по потпишувањето.

