Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, денеска од 15 часот во Анталија ќе го одигра својот прв од трите планирани пријателски натпревари.
Противник на избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе биде селекцијата на Казахстан. Репрезентација со која се сретнавме во последните квалификации за ЕП, забележавме победа на гостински терен, а во Скопје одигравме нерешено. Покрај дуелот со Казахстан, Македонија ќе тестира со Словачка (27 март) и Бугарија (29 март).
Овие мини–подготовки, како и трите пријателски натпревари треба да му послужат на селекторот Милевски да го виде потенцијалот на овие играчи за претстијните квалификациски натпревари за ЕП.