Македонската фудбалска репрезентација до 21 година одигра без голови на мечот со Србија во рамките на квалификациите за ЕП.
На дуелот одигран во Охрид, гостите не реализираа пенал во 36. минута кога Денковски го одбрани ударот на Тедиќ. Избраниците на селекторот, Канатларовски одиграа максимално борбено а во самиот финиш Трајковски и Елези имаа добри шанси, но, не погодија.
Македонија по поразот кај Франција и ремито со Србија, се наоѓа на дното на табелата со еден бод.