Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ќе има подобри шанси да обезбеди пласман на ново Европско првенство (ЕП) за младинци.
УЕФА денес направи промена, па за место на европскиот фудбалски шампионат кој ќе се одржи во Словенија и Унгарија нема да се играат баражи. УЕФА ги укина бараж натпреварите и одлучи на Европското првенство да се пласираат победниците од групите, заедно со уште пет најдобро второпласирани селекции.
Македонија се наоѓа во група заедно со Шпанија, Израел, Казахстан, Црна Гора и Фарските Острови. По четири одиграни натпревари, нашата селекција освои седум бода, еден помалку од второпласираниот Израел. Апсолутен фаворит во нашата група е Шпанија, а
нашиот национален тим сега ќе треба да се бори за второто место во групата кое може да не однесе на завршницата на уште едно ЕП.

