Нашите млади фудбалери ја забележаа втората победа во квалификациската група за пласман на Европското првенство откако беа подобри од Ерменија со 3 спрема 1 на мечот одигран на теренот на ФФМ.
Гостите поведоа во 9. минута преку Симонјан, но, избраниците на Канатлорвски успеаа да направат до крајот комплетен пресврт со головите на Максимов, Илиевски и Емини.
Македонија последниот меч во групата ќе го одигра на 5 јуни во Истанбул против Украина. Мечот е на неутрален терен поради случувањата на релација Русија-Украина.