Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија за играчи до 16 години, денеска во Сараево ќе го одигра полуфиналето на ЕП од Б-дивизијата против домачинот Босна и Херцеговина. Дуелот е закажан од 18:45 часот, а за нас значи и прва шанса за промоција во А-дивизијата.
Нашите кадети во четвртфиналето ја победија Романија со 74-71 и сега следи полуфинална пресметка во која доколку славиме ќе се пласираме во финалето, но и ќе дојдеме до А-дивизијата.
Ако не ја победиме БиХ ќе ни остане уште една шанса за промоција во повисок ранг, а тоа е да славиме над поразениот од втората полуфинална битка меѓу Чешка и Русија.