Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 од денеска во Маврово, ќе го одработат главниот дел од подготовките за новата сезона.
Битолчани кои се подготвуваат за премиерниот настап на евро-сцената, ќе одиграат два контролни меча против Охрид и еден против косовскиот тим Вучитрн.
Нашиот тим во квалификациите за Европската лига го очекува двомечот со Алпа Хард. Првиот натпревар се игра на 27 август а реваншот е на четврти септември во Битола.