Тениската асоцијација на Европа објави дека нема да се реализираат Зимските купови во 2022 година. Одлуката е донесена по состанокот со претставниците на земјите учеснички.
Тоа значи дека 208 репрезентации нема да се натпреваруваат во младинските конкуренции во јануари и февруари.
Значителното влошување на епидемиолошката состојба како и зголемените мерки за заштита од Ковид-19, втора година по ред ги одложија мечевите.

