Нашата фудбалска репрезентација У21 загуби на Арената во Скопје од селекцијата на Шведска со 2-0 и направи чекор назад во квалификациската група за пласман на Европското првенство.
По солидното прво полувреме кога главно бевме ориентирани на дефанзива, на стартот на вториот дел останавме без исклучениот, Михаил Димитриевски и тоа донесе видлива предност за противникот.
Шведска реализираше преку Розенгер во 67 минута и Вилхелмсон во судиското надополнување на крајот на мечот. Наредниот дуел избраниците на Канатларовски ќе го имаат на 5 септември кај Холандија.

