Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година ремизираше 1:1 против Ерменија во пријателскиот меч кој се одигра на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Дуелот со Ерменија, беше еден од дуелите кои селекторот Канатларовски ќе ги искористи како последна проверка пред почетокот на квалификациите за пласман на ЕП 2025. Македонија поведе со голот на Луан Абази во 30-тата минута, а Ерменците беа поконкретни и успеаја во 53-тата минута да израмнат преку Калукјан.
Во финишот, во 85-тата минута, Македонија имаше одлична шанса, но Крстевски не успеа да ја затресе мрежата. Вториот пријателски натпревар со Малта го играме во вторник на 20 јуни.