Нашата фудбалска репрезентација У21 денеска ја совлада Молдавија со 2-1 во рамките на квалификациите за Европското првенство во 2025 година. Со победата остварена во Скопје, ние го обезбедивме четвртото место во групата.
Македонија поведе во 11- та минута со голот на Фета додека Беким Камбери во судиското надполнување на крајот на мечот направи 2-0. Веднаш потоа противникот успеа да реализира за конечни 2:1.
На табелата води Холандија со 27 бодови од девет натпревари. Втора е Шведска со 17, Грузија е трета со бод помалку а Македонија има 12 бодови на 4.место. На последните две позиции се Молдавија со 7 и Гибралтар со 3.

