Денеска во Министерството за спорт беше реализирана средба со новинарите по повод ново формираната ММА Федерација и големиот турнир во борби што ќе се одржи на 6. септември во Скопје.
„Ова ќе биде голем инвент. Македонските шампиони во континуите се подготвуваат и верувам дека ќе покажат квалитет. Очекуваме да дојдат врвни борци од ММА. Ја имаме поддршката од Министерството за спорт. Допрва ќе решиме во која сала ќе бидат борбите. Настанот ќе биде емитуван и на Арена ФАЈТ“ – изјави Ивица Алексовски, претседател на Македонската ММА федерација.
Министерот за спорт, Борко Ристовски, меѓу другото рече дека ќе помогне да се обезбеди присуство и на познатиот светски борец, Александар Волкановски, кој има македонско потекло. На пресот присуствуваше и познатиот српски ММА борец, Дамир Михајловиќ, сопственик на агенцијата Армади која ќе биде вклучена во организацијата на спектаклот во Скопје. На истиот ќе има 12 или 13 борби а ќе и настапи познатиот македонски ММА борец, Горјан Гого Славески како и Даниела Алексовска, освојувачка на златен медал на последното Европското првенство во ММА во Белград, Србија.

