Лука Модриќ жали за поразот од Барселона во првиот полуфинален меч од Копа дел Реј. По синоќешната пресметка и поразот на домашен терен од 1:0, Модриќ вели дека истиот е незаслужен.
„Штета, затоа што игравме навистина добро, дури и ако ни недостасуваше острина во нападот. Создадовме неколку шанси од кои не успеавме да постигнеме гол, но мислам дека одигравме прилично добар натпревар. Не размислуваме за нивните повредени играчи, бидејќи Барселона е секогаш силен тим, без разлика дали има повреди или не. Создадовме доволно шанси а да постигнеме гол, но не успеавме. Тие постигнаа среќен гол и го добија натпреварот, но мислам дека бевме подобри“, вели Модриќ.
Реваншот е на „Камп Ноу“ на 5 април.