Играчот од средниот ред на Хрватска, Лука Модриќ зборуваше за престојната средба со Холандија во Лигата на нации.
„Би било неверојатно да се освои трофеј со Хрватска. Ова би било остварување на сонот. Постигнавме неверојатни резултати на последните две Светски првенства во Русија и Катар, но освојувањето на трофејот би било уште еден голем успех. Клучот за нашиот успех е пред се високата класа, а потоа силната психологија. Натпреварите за хрватската репрезентација, за боите на нашите дресови, за љубовта кон татковината – сето тоа не турка напред“, изјави Модриќ за прес-службата на УЕФА.
Лука Модриќ оваа сезона забележа 51 настап за Реал Мадрид, постигна шест гола и шест асистенции. Проценетата цена на овој фудбалер, според интернет порталот Трансфермаркт, е 10 милиони евра.
Актуелниот договор на Лука Модриќ со Реал Мадрид истекува на крајот на јуни оваа година. Претходно беше објавено дека клуб од Саудиска Арабија му понудил на Модриќ договор на три години, но тој го одбил затоа што сака да остане во Мадрид.