Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ, со нетрпение го очекува првиот судир со Јувентус од 1/4-финалето во Лигата на шампионите.
„Во Јувентус веруваат дека сме фаворити? Мислам дека е добро кога противникот има позитивно мислење за нас. Тоа значи дека има голема почит . И ние треба да го респектираме Јувентус.Тие се голем тим со одлични фудбалери” – изјави Хрватот на средбата со нивинарите.
„Кристијано Роналдо е фудбалер кој верува во неговите квалитети. Не знам колку голови постигна досега. Добро е што го имаме во составот. Кога е во форма, имаме многу повеќе шанси. Герет Бејл? Има тешка сезона со повреди. Сега е во добра форма. Знаеме што треба да очекуваме од него и сите сме свесни за неговите квалитети“ – потенцираше играчот на „кралевите“.