Легендата на хрватскиот фудбал и на Реал Мадрид, Лука Модриќ повторно зборуваше на тема за можното пензионирање.
„На моја возраст е тешко да се предвиди нешто. Никогаш нема да бидете сигурни кога тоа ќе се случи. Треба да одите натпревар по натпревар. Се додека се чувствувам добро, ако се забавувам на теренот, ќе бидам таму. Ако почувствувам дека повеќе го немам тој ентузијазам, тогаш нема да треба никому да кажам – ќе одлучам сам. Здравјето ми е на прво место, а за се останато сам ќе се погрижам“, изјави Модриќ.
Лука Модриќ оваа сезона одигра пет натпревари за Реал Мадрид на сите турнири, а вчера постигна и еден прекрасен гол за победа против Полска во Лигата на нации.

