Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Модриќ го надмина Роналдо според бројот на настапи за Реал Мадрид
    Фудбал

    Модриќ го надмина Роналдо според бројот на настапи за Реал Мадрид

    risteBy riste21/08/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Играчот од средниот ред на Реал Мадрид Лука Модриќ се искачи на четвртото место во рангирањето на странски играчи по бројот на настапи за Реал Мадрид. 36-годишниот Хрват на оваа листа го надмина Кристијано Роналдо.

    Синоќа Модриќ играше за Реал Мадрид во натпреварот од 2. коло на шпанската лига со Селта (4:1). Оваа средба беше 439-та за Хрватот во дресот на кралскиот клуб во сите натпреварувања. Роналдо има 438 натпревари за Реал Мадрид.

    Топ 5 странски играчи по бројот на настапи за Реал Мадрид:
    Карим Бензема – 608 натпревари
    Марсело – 546 натпревари
    Роберто Карлос – 527 натпревари
    Лука Модриќ – 439 натпревари
    Кристијано Роналдо – 438 натпревари

    Да потсетиме, на вчерашниот натпревар со Селта, хрватскиот играч за врска Лука Модриќ постигна прекрасен гол од далечина.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.