Ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ, проговори за младиот турски напаѓач Кенан Јилдиз, кој настапува за Јувентус.
„Јилдиз има различен стил и навистина ми се допаѓа. Тој е талент кој ми го привлече вниманието и има многу светла иднина” – рече Хрватот.
Јилдиз е роден во Германија а во Јувентус пристигна во летото во 2022 година откако му истече договорот со Баерн Минхен. Минатата сезона клубот му даде голема чест затоа што го доби дресот со број десет што го носеа великаните како Алесандро Дел Пјеро, Роберто Баџо и Мишел Платини.

