Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ, кој на саботниот натпревар против Селта го заработи првиот црвен картон во неговата кариера, ќе мора да паузира само еден меч во Примера дивизион.
Хрватот на мечот одигран во Виго првично не доби никаква опомена од судијата по дуелот кој го имаше со Денис Суарез, но, потоа главниот арбитар доби инструкции од ВАР собата дека според новите правила Модриќ треба да биде исклучен поради стартот во пределот на ахиловата тетива.
Модриќ сега ќе пропушти само еден натпревар а потоа во третото коло ќе може да игра на средбата со Вилјареал.