Хрватскиот играч за врска на Реал Мадрид, Лука Модриќ, в сабота ќе го собори рекордот на легендарниот играч на „кралевите“, Ференц Пушкаш, пренесува весникот – „Марка“.
Унгарецот го одигра последниот натпревар за кралскиот клуб на 39 години и 36 дена додека Модриќ, доколку настапи против Селта Виго, ќе има 39 години и 40 дена.
Така Хрватот ќе стане највозрасниот играч кој го облекол дресот на шпанскиот состав на официјален натпревар.

