Хрватскиот интенационалец Лука Модриќ направил два негативни ПЦР-теста, што значи дека наскоро ќе може целосно да им се врати на тренинзите во Реал Мадрид.
Тимот на Реал Мадрид предводен од Карло Анчелоти игра одлично оваа сезона и моментално е лидер на табелата во Ла Лига. На стартот на новата 2022 гдона , односно на 2 јануари имаат гостување кај Хетафе. Модриќ ќе биде во конкуренција за настап на овој натпревар, што се одлични вести за Анчелоти кој изминатиот период имаше многу проблеми со составот на неговата екипа поради големиот број на позитивни на Ковид-19.
Моментално играчите на Реал Мадрид се на мини-одмор, а ќе се вратат во шпанската престолнина на 29 декември.Исто така позитивна вест е тоа што први негативни резултати на ПЦР-тестовите имаа и Давид Алаба, Герет Бејл и Родриго.

