Лука Модриќ се приклучи на низата фудбалери кои имаа проблем со законот во Шпанија и успеа да се договори со судските власти. Последните информации велат дека Модриќ доби казна од осум месеци во затвор, која ја прифати, а истата ќе ја одлежи условно.
Со даночна измама, Хрватот го оштетил шпанскиот буџет за близу 900.000 евра. Сега фудбалерот на Реал (М) ќе мора да плати 40% од сумата и ќе ја замени затворската со финансиска казна.