Светскиот фудбалски вице-шампион, Хрватска вчера доживеа дебакл на теренот на Шпанија во Лигата на нации откако домаќините славеа со фантастични 6 спрема 0. Тешкиот пораз го изнервира капитенот на „коцкестите“ Лука Модриќ, кој „распали“ по соиграчите.
„Доколку не играме на Мундијалот тогаш не можеме да се носиме репрезентации од типот на Шпанија“ вели разочарано Модриќ.
„Не смееме лесно да го уништиме рејтингот што го стекнавме. Ако извлечеме поука ќе биде добро. Мораме да имаме различен пристап кон мечевите“ –изјави Модриќ.