Фудбалерот на Реал Мадрид Лука Модриќ ги повика своите соиграчи да останат смирени и да се гледа позитивно на работите, по поразот во Москва.
Екипата на Реал Мадрид забележа неколку слаби резултати и тоа сигурно ќе го зголеми притисокот врз тимот кој не успева да ги искористи и грешките на Барселона на домашната сцена.
„Сигурен сум дека ќе ги надминеме брзо овие проблеми. Треба да останеме позитивни, да продолжиме да работиме, да се подобриме и едноставно да го добиеме следниот натпревар” коментираше по натпреварот Модриќ.
„Навистина не очекувавме да изгубиме поени во овој натпревар и разочарувањето се чувствува во соблекувалната. Точно е дека во последните неколку средби не покажавме најдобро ниво и кога во три последователни дуели не успееш да постигнеш гол, тоа носи и некоја загриженост”, додаде Модриќ.
„Сепак не мислам дека имаме проблем со напаѓачите. Во секој од последните натпревари имавме многу шанси, но во фудбалот понекогаш потребна ти е и малку среќа. Се случуваат и вакви периоди, но сигурен сум дека ќе се кренеме”, заврши фудбалерот на Реал Мадрид.